Насловна / Вести / Како се одвива реконструкцијата на терените на Ролан Гарос?

Како се одвива реконструкцијата на терените на Ролан Гарос?

Rolan garos pred rekonstrukcija

Ролан Гарос или Френч Опен, еден од четирите грен слем тениски турнири, вложува сериозни средства во реконструкција и модернизација на централниот терен, како и изведба на еден целосно нов терен инспириран од стаклена градина – сосема нов концепт за еден голем турнир во светски рамки. Вредноста на целата инвестиција е 400 милиони УСД.

Rolan garos rekonstruukcija

Централниот терен Philippe-Chatrier ќе претрпи фундаментална реконструкција, со цел обезбедување солидна основа за поставување на подвижна покривна конструкција. Овој зафат треба да биде завршен до 2020 год., со што Ролан Гарос ќе биде последниот од четирите големи турнири кој ќе го елиминира влијанието на метеоролошките услови врз текот на турнирот.

Rolan garos plan za rekonstrukcija

Новиот терен кој треба да се изгради ќе биде опкружен со четири градини кои ќе содржат растителни видови од четири различни континенти. Предвиден е капацитет од 5.000 седишта.

Rolan garos

Мастерпланот содржи уште една компонента, а тоа е т.н. „Ролан Гарос село“, со содржини за односи со јавноста, како и ресторани и кафетерии.

Rolan garos novo

Еве и две видеа за тоа како ќе оди изградбата:

 

Извор: Le Parisien

Испрати коментар

Scroll To Top