„Денес сум во иста кондиција како кога имав 20 години“, рекол Никола Тесла во едно интервју на 78-годишна возраст, а сличен впечаток оставил и на новинарот – висок, виток и со исправено држење. Брз од, малку проседена коса и особено остар поглед со бистри сини очи оддавале човек на кој текот на времето не му може ништо.
Дотогаш Никола Тесла му дал на светот пет илјади пронајдоци. На крајот на осмата деценија тој сè уште работел во три лаборатории, а многумина ги интересирало како ги „полни батериите“ на сопственото тело.
Познато е дека чувал дел од својата енергија со аскетски, асексуален и повлечен начин на живот, но истот така внимавал и на исхраната. И денес се восхитуваме на острината на духот на генијалниот научник дури и во неговата старост.
„Нема тајни во мојата исхрана, тоа е прашање на здрав разум“, објаснил Тесла. „На човечкото тело гледам како на машина и го третирам со почит каква што заслужува една машина, добро го подмачкувам и чистам и гледам да не се најде во опасност да биде нападнато од ‘рѓа“.
Дел од одговорот на прашањата за состојбата на умот и телото кои достигнале натчовечко ниво на способност и свежина може да се најде во интервјуто на 77-годишниот Никола Тесла во 1933 година.
Најважните навики се стекнуваат на млада возраст
Тесла верувал дека во животот е најважен почетокот, во смисла дека е најбитно навиките да се стекнат во раната младост. „Состојбата на нашето тело и дух во староста во потполност е сведоштво за тоа како сме ја поминале нашата младост. Тајната на мојата денешна сила и виталност лежи во фактот дека во мојата младост, може да се каже, живеев живот без пороци“, рекол тогаш Никола.
Тој живот полн со доблести бил нужност за некој што уште од раната малдост си поставувал големи цели и кој знаел дека само со контрола на другите страсти и апетити може да ги оствари своите соништа и да работи во длабока старост.
„Не сакам никаков одмор, никаков прекин на напорната работа. Кога луѓето би ја бирале работата според нивниот темперамент, вкупната количина на среќа на земјата би била немерливо поголема“, сметал генијот.
Како Тесла планирал долговечност?
„Многумина се тажни и депресивни поради тоа што животот трае кратко. Која е поентата да се трудиме да постигнеме нешто, се прашуваат тие. Животот е премногу краток, не можеме да живееме доволно долго за да ги довршиме нашите потфати. Луѓето би можеле многу да го продолжат својот живот доколку се потрудат. Луѓето прават толку многу нешта што им го поплочува патот до прераната смрт“, истакнал Тесла.
Тесла размислувал за исхраната: „Пред се, јадеме премногу, но тоа веќе сме го слушнале многу пати. И јадеме погрешен вид храна и пиеме погрешен вид течности. Најмогу штета нанесува прејадувањето и недостаток на вежбање, што создава токсична состојба во телото и го оневозможува ослободувањето од насобраните отрови“, сметал тој.
Тесла пиел многу вода и млеко и се грижел за својот стомак.
„Зошто да се преоптоварува телото што ни служи? Јадам два пати на ден и ги избегнувам сите намирници што произведуваат киселина. Повеќето луѓе јадат премногу мешункаст зеленчук кој содржи уринска киселина и други отрови. Јадам свеж зеленчук, риба и месо, ретко и умерено. Иако рибибата е добра за мозокот, создава многу силна киселинска реакција поради високата количина на фосфор. Киселоста на телото е нашиот најголем непријател во староста“.
Верувал дека секој оброк треба да содржи протеини и масти – првите за изградба на ткивото, а вторите за согорување, односно енергија. Утринскиот оброк треба да содржи повеќе масти, а вечерниот треба да содржи повеќе протеини.
Верувал во, како што велел, во „чудото на млекото“, поради големата количина на протеини. Препорачувал и јајца, особено белки, како и ориз, грав, грашок и леќа. Јадел месо исклучително ретко, можеби само неколку пати годишно.
Избегнувал месо
Дека избегнува месо, Тесла потврдил во друго интервју од 1935 година: „Ги избегнувам сите стимуланси. Речиси целосно го избегнувам месото. Убеден сум дека за помалку од еден век кафето, чајот и цигарите ќе излезат од мода. Алкохолот, сепак, сè уште ќе биде во употреба, бидејќи не е стимуланс, туку вистински еликсир на животот“, предвидувал Тесла.
Тесла би познат по тоа дека речиси секој ден пиел виски. Исто така, Тесла бил голем поддржувач на компирот. „Компирот е одличен и треба да се јаде секојдневно. Содржи вредни минерални соли и има неутрализирачко дејство“.
Верувам во многу вежбање
Исто така, Тесла е познат како голем поддржувач на вежбањето. „Верувам во многу вежбање. Секој ден пешачам од осум до 10 милји и никогаш не се возам со такси или друго превозно средство кога имам време да ја искористам силата на нозете. Вежбам и со капење секој ден, бидејќи мислам дека тоа е многу важно. Јас користам топла купка по која долго се туширам со ладна вода“.
Неспиење не ме загрижува
Строгата дневна рутина на Тесла кулминира со навиката за спиење што е спротивна на предупредувањата на лекарите и здравствените организации за неопходноста од осум часа сон секој ден. „Спиење? Речиси никогаш не спијам. Потекнувам од семејство на долговечни луѓе, кои се познати по тоа што не спијат многу. Се надевам дека ќе го достигнам рекордот на моите предци и ќе живеам најмалку 100 години. Моето неспиење не ме загрижува. Понекогаш одспивам по еден час. Сепак повремено, на секои два месеци, спијам од 4 до 5 часа. Потоа се будам потполно наполнет со енергија, како батерија. По таква ноќ, ништо не може да ме запре. Тогаш чувствувам огромна сила. Нема сомнеж дека сонот е обновувач, давател на живот, дека ја зголемува енергијата. Од друга страна, не верувам дека е неопходен за нечие здравје, особено ако е тој некој кој вообичаено малку спие“, објаснил познатиот научник.