Насловна / Вести / Како робот извлекува растопено нуклеарно гориво од Фукушима

Како робот извлекува растопено нуклеарно гориво од Фукушима

Роботот со управување на далечина, безбедно се врати од терен и тоа со парче растопено нуклеарно гориво што го собра од еден од трите оштетени реактори во јапонската нуклеарна централа Фукушима.

Фукушима е тешко оштетена од силен земјотрес и цунами во 2011 година, а како што е соопштено од компанијата Tokyo Electric Power Company Holdings, која управува со електраната, робот по име „Телеско“ донел остаток од растопено гориво со големина од пет милиметри. Парчето е донесено од долните комори на реакторот број два.

Инаку, прво било во план роботот да почне да собира растопено нуклеарно гориво во август, но операцијата е откажана двапати поради технички причини.

Во случај радиоактивноста на растопеното гориво што го носи роботот да ја надмине дозволената граница, тој ќе мора да се врати во реакторот и да го најде другото парче.

За време на катастрофалниот земјотрес и цунамито во 2011 година, клучните системи за ладење во Фукушима беа уништени, што предизвика топење на нуклеарното гориво во три реактори.

Се проценува дека во нив останале околу 880 тони радиоактивно растопено гориво.

Јапонската влада и Tokyo Electric Power Company Holdings поставија цел да го отстранат радиоактивното растопено гориво за 30 до 40 години.

Испрати коментар

Scroll To Top