Насловна / Архитектура / Како продавница на Икеа стана еден од најголемите ноќни клубови во светот

Како продавница на Икеа стана еден од најголемите ноќни клубови во светот

Кога Икеа во 2005 година го отвори својот гигантски продажен центар во лондонскиот кварт Тотенхем, дури шест лица завршиле во болница поради стампедо од посетители привлечени од најавените, многу ниски цени. Продавницата е затворена по само четириесет минути од отворањето.

Осумнаесет години подоцна, магацинскиот простор на познатиот шведски бренд повторно оживеа, но овој пат како Drumsheds – еден од најголемите ноќни клубови во светот, со капацитет од 15.000 луѓе, создаден како простор од 56.485 квадратни метри кој може да биде домаќин на некои од најголемите имиња од светот на музиката.

1_0

Влез од поранешна подземна гаража

При креирањето на новиот простор, инвеститорите посветиле големо внимание на безбедноста на посетителите, а во зградата се влегува од некогашен простор на подземна гаража на Икеа, каде посетителите минуваат низ строго контролирани проверки, во кои учествуваат и кучиња трагачи.

„Да, можеби ќе ви бидат потребни 40 минути за да поминете низ пребарувањето, но штом ќе влезете, ќе се чувствувате безбедно“, изјави за Гардијан Симеон Олдред, коосновач на концептот Broadwick Live.

3_0

Имено, во последните години, Олдред и неговиот тим го професионализирале своето искуство во организирање на настапи на изведувачи на електронска музика со преземање на постиндустриски простори, опремување со висококвалитетни звучни системи, модерни дигитални екрани, како и динамични светлосни инсталации.

Досега тие презеле локација на поранешна печатница, како и величествен простор на поранешен гасовод, но било под знак прашање дали „кутијастиот“ простор на Икеа ќе ја привлече истата сирова магија за да создаде нов простор за забава, како што е постигнато со претходните индустриски хали.

2_0

За само десет недели, тимот на Олдред ја трансформирал зградата, задржувајќи само одредена количина на детали од старата продавница, за да пружи интригантен шарм на клабинг во просторот на Икеа.

Од бескрајните опремени соби, во кои биле сместени софите и гардеробите на Икеа, останале само белите тавани армстронг. На долното ниво, каде некогаш имало редови на садови и постелнина, три главни зони се шират од централната барска зона.

4_0

Во најмалиот простор „Z“, со капацитет од 1.000 посетители, доминира кафез за Ди-џеи направен од челични шипки кои биле користени за армирање на бетон. Просторот „Y“ е подолг, може да прими 5.000 луѓе, а ѕвезда на објектот е просторот „Х“, кој порано бил магацин.

5_0

Потребен ни е неверојатен диџеј, неверојатен екран и одлично озвучување

За да се разбие волуменот на хангарот, два застаклени ката формираат дополнителни зони од двете страни на подиумот. Овие структури се опкружени со груба ограда од меѓусобно поврзани ланци, додека во баровите се користени челични градежни огради, најдени на локацијата.

6_0

„Повторната употреба и рециклирањето е сè, како и паразитското размислување. Како можеме да работиме со она што го имаме? Потребен ни е неверојатен диџеј, неверојатен екран и одлично озвучување. Тоа е доволно. Не ни треба измама“, истакна Алдред.

Додава дека сите бини и скелиња во Drumsheds се изнајмени, додека 200 од 300 метри шипки доаѓаат од лондонскиот клуб Printworks, од каде потекнуваат некои од оградите со ланци што се покажало дека се делови од сценографија за филмот за Бетмен кој таму е снимен.

7_0

Сепак, проектот на Broadwick има дозвола за работа во период од три до пет години, пред и овој простор да го достигне неизбежниот бран на развој на недвижности.

Локацијата на Икеа е всушност, во срцето на планот за регенерација на Meridian Water, проект вреден шест милијарди евра со основна дозвола за 3.000 станови.

8_0

„Веруваме во развој на станбени објекти и знаеме дека сме само привремен проект. Сепак, можеби постои верзија на иднината во која овде ќе има сала со капацитет од 8.000 луѓе“ – изјави Олдред.

Ова сценарио е и можно ако се земе предвид дека прочуеното Ministry of Sound одбележа пресвртница во 2014 година, кога беа усвоени промени во политиката на планирање за да се воспостават мерки за намалување на бучавата, а со идеја дека станбените области и клубовите не се меѓусебно исклучиви во близок простор.

9_0

Испрати коментар

Scroll To Top