Насловна / Архитектура / Како понатаму со ДУП-овите во Општина Центар?

Како понатаму со ДУП-овите во Општина Центар?

„Советот на општина Центар донесе одлука за запирање на спроведување на 31 Детален урбанистички план за подрачјето на општината.

Оаа одлука е донесена на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ и ќе трае два месеци.

“Урбанистичко планската документација за овие ДУП-ови не е во согласност со Генералниот урбанистички план. ДУП-овите се стари и планскиот период за кој се донесени е изминат. Запирањето на спроведување на ДУП-овите според параметрите на УНДП, ќе влијае врз загадувањето кое, според нивните истражувања, ќе се намали за 22 до 25 проценти“, рече Богдановиќ.

При донесување на голем дел од овие ДУП-ови, кои се носени во доцните ноќни часови, не е изготвен извештај за стручната расправа и јавна анкета.

Како што стои во образложението на градоначалникот, рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучувањето на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација ќе бидат основни приниципи по кои ќе постапува општина Центар при изготвување на новите Детални урбанистички планови.“Sovet---27-12-2017

Одлуката на општината е за почит и поздравување што се однесува до воведувањето ред во урбанистичкото планирање, кој ред позитивно ќе влијае на еден од основните проблеми директно врзани со нашето здравје, загадувањето.

Но, по оваа одлука на општината се поставуваат и прагматични прашања, дали е приoритет да се изгради инфраструктура соодветна потребите на општината, наместо како до сега, да се градат објекти на постоечка инфраструктура, а предвидената со децении чека реализација? Што се случува со изработените проекти кои платиле комуналии и чекаат одобрение за градењењ или оние кои купиле градежни парцели предвидувајќи инвестиции соодветно важечките ДУП – ови? При донесувањето на ДУП-овите, покрај гласањето на советот, сеедно дали рано наутро или во доцните ноќни часови, урбанистите вработени во општината ја спроведуваат постпката и два пати во тек на изработка на ДУП-овите, даваат мислење, позитивно или негативно. Во случаиве позитивно, бидејќи ДУП-овите се донесени. Тоа се истите тие урбанисти кои се сеуште во општината, доколку ја погрешиле процедурата ќе понесат ли одговорност?

Свеста и совеста на граѓанте секако дека е мношне важен чинител и на неа треба сериозно секој сам да поработи. Бидејќи анкетните листови за ДУП Дебар Маало, доставени од жителите во голем процент покажуваат дека кога се работи за јавниот и личниот интерес критериумите не се секогаш еднакви. Истите оние жители кои јавно се декларираат за почист воздух, средување на сообраќајниот метеж и бучава, нарушено пешачко движење, кога се работи за нивните парцели најголем дел од барањата им се за поголема изградена површина од онаа и веќе премногу дозволената.

Испрати коментар

Scroll To Top