Насловна / Вести / Како подземното загревање ја загрозува стабилноста на зградите

Како подземното загревање ја загрозува стабилноста на зградите

Кога ќе помислиме на глобалното затоплување, обично ни паѓат на ум, топењето на глечерите, зголемувањето на нивото на морето или екстремните временски услови. Но, дали некогаш сте размислувале за тоа како градовите се загреваат под површината? Новото истражување сугерира дека ова „подземно затоплување“ може да претставува сериозна закана за стабилноста на зградите.

Замислете ги џиновите од бетон и челик кои се надвиснуваат над светските градови. Тие не само што доминираат на хоризонтот, туку и ја канализираат сончевата топлина низ нивните темели длабоко во земјата. Додадете на тоа мрежа од подземни гаражи, тунели и метро, ​​и ќе сфатите дека градови се потопли под отколку над површината.

з1

Истражувачите од Универзитетот Нортвестерн откриле дека подземните температури во центарот на Чикаго, област позната како „Loop“, биле за 10 степени повисоки отколку под блискиот парк. Тие откриле дека температурите на воздухот во подземните структури биле и до 25 степени повисоки отколку во неизграден терен.

Податоците се собирани по три години следење на 150 безжични сензори за температура низ Чикаго, а потоа резултатите се екстраполирани со помош на компјутерско моделирање.

Оваа подземна топлина, позната како „подземни климатски промени“, може да има сериозни последици. Различни почви различно реагираат на оваа топлина, што може да доведе до нерамномерно ширење и контракција, деформирајќи го теренот и зградите што стојат на него. На некои места теренот може да се подигне и до 12 милиметри, додека на други места под тежината на зградите може да падне и до осум милиметри.

з2

Но, не грижете се, градовите нема одеднаш да пропаднат во земја. Меѓутоа, оваа „тивка опасност“ од подземни климатски промени може полека да предизвика пукање на темелите и да создаде стресови на зградите кои не се проектирани да ги издржат.

Сепак, секоја приказна има своја светла страна. Како еден од начините за решавање на проблемот, истражувачите предлагаат оваа подземна топлина да се користи за загревање на зградите горе, користејќи геотермални техники. Исто така, предлагаат новите згради да се проектираат со подобра топлинска изолација, за да се спречи понатамошното загревање на подземјето.

Истражувањето е објавено во списанието Communications Engineering. Можете да дознаете повеќе за ова откритие во следното видео.

Испрати коментар

Scroll To Top