Насловна / Архитектура / Како напредува изградбата на футуристичките мега градови во Саудиска Арабија

Како напредува изградбата на футуристичките мега градови во Саудиска Арабија

Neom обави видео за работите на изградбата на четирите футуристички мега градови во Саудиска Арабија, со намера да го документира нивното создавање.  Во новото видео прикажани се работите поврзани со изградбата на The Line, Trojena, Sindalah и Oxagon. Тоа е прв во низата видео записи кои ќе ја следат изградбата на Neom.

neom1

neom2

Tarek Qaddumi, директорот на урбанистичкото планирање на Neom, истакнува дека проектантскиот тим во 2021 година започнал со реализација на инфраструктурниот коридор кој се протега по цела должина на градот наречен The Line. Тој се надева дека првите модули ќе бидат завршени пред 2030  година, и дека таа година во овој град ќе живее првата значајна популација. Започната е и изградбата на проектот Sindalah кој би требало да биде завршен во 2024 година, па плановите за архитектура без преседан во Neom се претвораат во реалност. Sindalah ќе биде луксузна дестинација која ја карактеризира закривена и коса архитектура. Trojena ќе биде главна дестинација за излети, додека The Line ќе биде водечки мега град. Oxagon ќе биде центар за напредни студи во кој Neom ќе спроведува понатамошни истражувања за користење само на извори на енергија од Сонцето, ветерот и водородот. Видеото е достапно на следниот ЛИНК.

neom3

Испрати коментар

Scroll To Top