Приказната за овој архитектонски проект започнува во Которскиот залив, најјужниот европски фјорд, кој поради својата извонредна убавина е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО како заштитено природно и културно-историско подрачје.
Населбите во Бока Которска, кои големиот поет Алекса Шантиќ ги нарече „Невеста на Јадранот“, имаат автентичен дух на местото што го гледаме во импозантните градби од локален камен, изградени под влијание на венецијанската архитектура.
Предмет на реконструкцијата е мала рибарска камена куќа со површина од 37 квадратни метри во основа, на прва линија до море, чија судбина од нејзината изградба на почетокот на 20 век, поминала низ неколку фази на адаптација и била лишена од својот оригинален шарм.
Со желба да го зачува духот на Бока, архитектката Бранкица Радоњиќ со големо внимание пристапила кон реконструкцијата на камениот објект, кој денес го носи името Куќичка Муо, за успешно да и ја врати „старата слава“.Куќата Муо се наоѓа на само 2.2 километри од Стариот град Котор.
Автороката на проектот открива дека во Бока градбите често откриваат приказни и митови и дека оваа куќа не заостанува со анегдоти во овој поглед.
„Имено, желбата беше новиот бетонски балкон да се украси со камени конзоли, кои во првобитното решение го носеле подестот на надворешните скали. Случајно, барајќи го најдоброто решение меѓу камената пластика достапна на пазарот, пронајдени се оригиналните конзоли, кои биле отстранети при првата реконструкција и кои ‘го надоа својот пат до дома’“, објаснува Радоњиќ.
На реализацијата на проектот за реконструкција и претходела студија во која е утврдено дека приземјето на куќата е пониско од нивото на асфалтираниот пат и атмосферската канализација, што предизвикува често поплавување на објектот. Тоа создало голем предизвик кој бил надминат со аргументи кои проектантката ги изнесла пред Заводот за заштита на спомениците.
„Со докази дека куќата не може да се приклучи на новата градска канализација бидејќи е пониска од котата на приклучокот и со докази дека одводнувањето на градинарската тераса во море, при секоја плима би предизвикало поплавување на објектот, Заводот издаде конзерваторски услови“, наведува проектантката.
Конзерваторските услови биле почетна точка на проектот за реконструкција, што е овозможено да се подигне објектот на ниво на патот.
Со строга контрола при изградбата, покрај минималното зголемување на висината на слемето, изведено е и транслаторно подигање на отворот со камени рамки и сводови над отворот, што секако било голем зафат и технички и финансиски.
Од коноба до дневната соба
Куќата доби нова функционална организација која ги задоволува потребите на современото живеење, а првобитната коноба (простор за складирање на чамци и опрема за риболов) на приземјето, адаптирана е во дневна зона кој се состои од кујна, трпезарија и бања.
Првиот кат е претворен во дневна соба со балкон свртен кон Стариот град Котор. Во поткровјето има две спални соби и бања.