Еден млад брачен пар од Англија сакал да го преуреди долниот кат од својот стан сместен во викторијанска зграда во Лондон. Животниот простор го делат со нивните две кучиња, па затоа им било важно да имаат градина, како и голема количина на природна светлина. Додека горниот кат не требал да се преуредува, долниот барал одредени модификации.
Поради оваа причина, тие го ангажирале архитектонското студио Russian for Fish, кое требало да даде нов сјај на необичниот простор. Сопствениците сакале едноставен дизајн, со некој импресивен момент, кој архитектите и дизајнери го замислиле во вид на кујна.
Имено, во сите простории преовладуваат сиви и беж нијанси, мебел со современи чисти линии, додека кујната е во целост „исполнета“ со силна жолта боја.