Насловна / Вести / Како Меделин ги претвори старите резервоари за вода во јавни паркови

Како Меделин ги претвори старите резервоари за вода во јавни паркови

Запуштените места во колумбискиот град, кои неретко биле и жаришта на насилство, особено кога Меделин бил главно седиште на Пабло Ескобар, претворени се во уредени јавни места за сите.

13_resize

Кога се развивал мастер планот за систем на улична расвета во Меделин, втор по големина град во Колимбија, одделот за архитектура при јавното претпријатие ЕРМ, го анализирал нивото на осветлувањето во оваа метропола и дошол до заклучок дека постојат бројни „мрачни“ острова – места на кои речиси не е запалена ниту една светилка.

2_resize

Со анализа на тие локации се испоставило дека тоа се всушност 144 градски резервоари за вода. Овие резервоари биле изградени на периферијата на градот, меѓутоа како градот се ширел тие се нашле внатре во самите населби. Најлошо од се е дека овие места станале небезбедни зони и жителите ги избегнувале, пишува ArchDaily.

1_resize

Тогаш се родила идејата дека просторот треба да им се врати на граѓаните, односно нешто што е грдо, може да стане место за гордеење. Со таа идеја се претставиле и на Биеналето во Венеција 2016. година, кога тимот добил ветер во грб.

4_resize 5_resize

Реализацијата отпочнала веќе наредната година, а во првата фаза на развој на планот, кој подразбирал трансформација на овие зони, спроведени се анализи кои биле насочени кон употребливоста на земјиштето, густината на населеност, потребите на локалната заедница, како и геолошките ограничувања и понатамошното развивање на водоводната мрежа. По првата селекција, во која се одбрани 32 резервоара, списокот е намален на 14 на кои им била најпотребна интервенција.

Идејата била проектот да се развие во соработка со граѓаните со цел нешто што некогаш било затворено и непознато, да се претвори во нешто отворено и интерактивно.

DCIM102MEDIADJI_0726.JPG 15_resize

Центри на рекреација и култура

Резултатот на проектот е спој на постоечката водоводна инфраструктура со јавниот простор. Резервоарите за вода се отворени, ѕидовите кои ги опкружувале се демонтирани, а околината е редизајнирана на начин да се создаде функционален јавен простор каде заедницата повторно ќе се поврзе. Овие простори станале центри на рекреација и култура.

18_resize

За EPM, целта била трансформација на резервоарите за вода во места каде луѓето ќе се собираат и каде ќе може да се одржуваат разни настани. За да го постигнат тоа, посебно ги анализирале условите за развој и потенцијалот на секој резервоар поединечно. На секоја локација уредени се системи на патеки и мобилијар за просторот да биде што подостапен за сите.

10_resize

Во финалната фаза истакнати се примарните елементи на проектот, а тоа се вода и светло, што навратува на појдовната точка на целиот проект, кој настанал со анализа на планот за расвета на целиот град.

17_resize 11_resize 6_resize 12_resize 3_resize 9_resize 7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top