Во центарот на Тјумењ, Русија има плоштад именуван по сибирски мачки. На плоштадот се поставени и неколку скулптури на овие прекрасни животни. Тука се мачка-мајка со три мачиња, млади мачки, како и возрасна мачка на самиот врв на споменикот која ги следи минувачите со сериозен поглед. Овој плоштад и овие споменици се посветени на трагичните настани поврзани со германската опсадата на Ленинград во тек на Втората светска војна. Бидејќи, меѓу другото, на сибирските мачки можеме да им бидеме благодарни, затоа што го сочувале богатството на најголемиот руски музеј.
Тјумењ
Во најголемиот и најпознат музеј и галерија во Русија, Ермитаж, мачките биле во официјална служба уште од времето на царицата Елисавета Петровна. Во 1745 година, таа потпишала указ за тоа да се донесат триесет најголеми мачки од Казањ поради лов на глодари. Имено, мачките од овие краишта се сметаат за одлични ловци. Тие чувале галерии со слики и визби (а во Ермитаж тие се протегаат на речиси 20 километри) од стаорци и глувци и за време на Наполеон, и за време на Октомвриската револуција и за време на советското владеење и денес. Интересно е што хемиски сретства повремено се користеле против стаорци, но тие не можеле да го решат проблемот, само мачките дале резултати.
Во 1941 година, вредните експонати од Ермитаж префрлени се на Урал, а во подрумите направени се засолништа од бомбардирање. За време на опсадата на Ленинград (септември 1941 година – јануари 1944 година) во Втората светска војна, градот останал без мачки (умирале од глад или станувале храна), па орди стаорци ги исполниле подрумите на старите куќи. Стаорците гризаеле мебел, sидови, кабли и носеле опасни болести. Тие не ги заобиколиле ниту музеите, во чии подруми сè уште имало многу уметнички дела, кои се нашле во опасност.
Ермитаж за време на Втората светска војна
Ленинград
Мачките доаѓаат на помош
Жителите на другите региони на СССР дознале за оваа неволја и одлучиле да му помогнат на градот. Првите мачки се донесени од Јарославл во 1943 година, кога започнал пробојот на блокадата, пресвртница во борбата за ослободување на градот. Сивите јарославски мачки се сметани за добри ловци и биле многу барани.
Ермитаж
Еден од најголемите „собирни центри“ бил Тјумењ. Жителите на неколку сибирски градови ги испраќале своите домашни мачки да го заштитат Ермитаж. Пет илјади мачки од Тјумењ, Омск и Иркутск пристигнале во Ленинград со сибирскиот воз и однесени се во музејот.
Овој пат сите стаорци биле уништени, а потомците на овие мачки и денес служат во Ермитаж.
мачките во Ермитаж денес
Споменик на овие херои е подигнат и во Санкт Петербург. На улицата Мала Садова, можат да се видат мачките Елисеја и Василиса излиени во бронза.
Елисеја и Василиса
мачките во Ермитаж денес