Познатата црква „Саграда Фамилија“ во Барцелона (шпански: Templo Expiatorio de la Sagrada Familia), која почна да се гради во 1882 година, конечно ќе го добие својот вистински облик. Поточно за десет години.
Како што може да се види на видеото на YouTube, шестте завршни кули ќе бидат изградени во 2026 година – што ќе се совпадне со стогодишнината од смртта на познатиот каталонски архитект Антони Гауди, чијшто блескав и помалку луциден ум, стои зад прекрасната „Саграда Фамилија“ – највисоката црква во светот.
Овие шест кули, кои ги претставуваат Богородица, четирите Евангелија и Исус Христос, ќе бидат последните и највисоките од 18 кули, кои ја красат велелепната Саграда.
Сепак, ова не е единствената работа што треба да се изведе врши во рок од десет години.
Како што се гледа на снимката на YouTube, „Саграда“ ќе биде украсена и со т.н. „Славна фасада“, последната и најамбициозната од трите монументални фасади кои се веќе комплетирани.