Од март годинава, рекламите за автомобили кои ќе се емитуваат во сите видови медиуми во Франција, ќе мора да бидат „украсени“ со одредени додатоци. Таквиот концепт го зема во предвид влијанието врз животната средина, односно вклучува препораки за алтернативи на автомобилите на пократки растојанија. На пример, на кратки растојанија најдобро е да се оди пеш или со велосипед. Може да се размисли и за концептот carsharing или за јавен превоз. Но, тоа не е крај, бидејќи огласувањето во секој медиум, освен радиото, ќе мора да биде означено со хаштагот SeDéplacerMoinsPolluer.
За непочитување на новите прописи следуваат казни до 50.000 евра. Во случај на големи буџети и огромни рекламни кампањи, овој износ не звучи сериозно, но малку е веројатно дека некој би се дрзнал да постапи спротивно на овие правила, првенствено бидејќи е во прашање имиџот на компаниите за прашања поврзани со заштитата на животната средина. Но, тоа не е се. Рекламите за сите бензинци и дизелаши во Франција ќе постојат само до 2028 година. По овој рок, ќе биде забрането рекламирање на секое возило кое емитува повеќе од 123 g CO2 по километар. Според тоа, веќе нема да се огласуваат „сериозни загадувачи“ како на пример Toyota Corolla 1.2, која емитува 132-163 g CO2 по километар.