Насловна / Арт и дизајн / Како ќе изгледа сараевскиот „тунел на спасот“?

Како ќе изгледа сараевскиот „тунел на спасот“?

Saraevo Tunel na spasot

Младата архитектка Сабина Тановиќ ја доби првата награда на конкурсот за најдобро идејно решение со кое ќе се реализира споменичниот комплекс наречен „тунел на спасот“ или „тунел на животот“, посветен на единствениот воен објект од овој вид преку кој во времето на опсадата на Сараево многумина го нашле својот спас.

Saraevo tunel na spasot1

Низ овој тунел во воените деведесетти секојдневно минувале илјадници луѓе, а вршена е и достава на лекови и храна.

„Во Европа денес има неколку вакви тунели кои се претворени во споменици и кои привлекуваат милиони посетители преку т.н. „црн туризам“. Сараевскиот тунел D-B, под аеродромската писта, копан е од две страни, Добриња и Бутмир, кои се споиле во летото 1993 год.

saraevo-tunnel

Тој е уникатен и не постои ниту една таква структура во Европа“, вели Тановиќ. „Милам дека не постои објект кој би можел да се споредува по однос на намената, структурата и начинот на кој е направен, а тој е и сведок на најдолгата опсада на еден град во модерната историја. Бројот на посетители секоја година расте и тој ќе биде се попопуларен како што ќе заминуваат живите сведоци на тоа  време“.

Saraevo tunel na spasot2

Според награденото решение, над земјата на овој комплекс ќе се наоѓа само влезот. Објектот постепено ќе понира под земјата и во моментот на спуштањето посетителите ќе видат што се случува долу. Ќе има голем број содржини, постојани и привремени изложбени поставки за тунелот, сувенирници и сл.

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top