Познатото јапонско архитектонско студио ТNА ја претстави својата визија за проектот наречен Solo Houses. Целата приказна поаѓа од француската инвеститор Christian Bourdais кој сакал да собере млади и талентирани архитекти кои ќе ги испополнуваат далечните и непопуларни делови на Шпанија со уникатен архитектонски дизајн.
Кога ќе се погледнат визуелните елементи, прво се забележува дека импозантниот базен изгледа како да е голем колку куќата, додека самата куќа е изградена така што изгледа како масивна обратна пирамида.
Материјалот кој доминира со ентериерот и екстериерот е бетон, што на целиот дизајн му дава импресивна нота. Кога се влегува во куќата, прво до кое се доаѓа е маса за јадење, додека дневните и спалните соби се подигнати на прекрасни мезанини. Целиот објект е дизајниран така што максимално е вклопен во околината и делува како некаква модернистичка карпа.