Насловна / Вести / Како изгледале првите Зимски олимписки игри во 1924 година во Шамони?

Како изгледале првите Зимски олимписки игри во 1924 година во Шамони?

Додека траат Зимските олимписки игри во Пекинг 2022, многумина се прашуваат, кога се одржале и како изгледале првите во историјата зимски олимписки игри? Тогаш под името „Меѓународна седмица на зимските спортови“, тие се одржале од 25-ти до 5-ти февруари 1924 година во Шамони, Франција. Учествувале 260 спортисти од 16 земји, кои се натпреварувале во пет спортови: боб, карлинг, хокеј на мраз, нордиско скијање и лизгање.

chamonix1

chamonix2

Шамони тогаш дошол во фокусот на светското внимание, додека спортистите ги покажувале своите таленти пред повеќе од 10.000 гледачи. Во 1926 година овој настан ретроактивно е класифициран како први Зимски олимписки игри. На овие игри, САД доминирале во брзо лизгање на 500 метри, додека Канада била доминантна во хокеј на мраз. На фотографиите од тоа време, забележлива е оскудната опрема на спортистите, а хокеарите и боб тркачите се наппреваруваат без заштитни кациги. Интересно е дека мнозинството натпреварувачи носеле елегантна а не спортска облека, како на пример триделни костуми со вратоврски.

Curling Team

chamonix4

По овие игри во Шамони, Зимските олимписки игри започнале да се одржуваат на секои четири години, со исклучок на 1940 и 1944 година. Земјите кои учествувале на првите Зимски олимписки игри, освен претходно споменатите биле Франција, Норвешка, Италија, Велика Британија, Полска, Југославија, Австрија, Белгија, Чехословачка, Унгарија, Финска, Латвија, Шведска и Швајцарија.

chamonix5

Испрати коментар

Scroll To Top