На 4.645 квадратни метри организиран е новиот работен простор на во моментов најуспешната архитектонска фирма на светот, компанијата BIG, простор кој е едноставен и максимално комфорен.
Архитектонската компанија Bjarke Ingels Group (BIG) неодамна за јавноста ги отвори вратите на својот нов деловен простор во њујоршката четврт Dumbo. Објектот во кој е сместено новото биро завзема цел градски блок, а бидејќи се работи за обновена индустриска зграда, искористена е можноста голема површина на фасадата да се изведе во стакло,со што е овозможено 250-те вработени да имаат панорамски поглед на соседниот Менхетн, но и да добијат големо количество природно светло.
Новиот простор, проектиран од страна на тимот на BIG специјализиран за ентериери, го осмислил ова студио како кохерентен отворен простор во кој одредени елементи на ентериерот континуирано се повторуваат, пишува Designboom. Канцелариите се проектирани така што придонесуваат за успешната и пријатна заедничка работа на вработените, што може да се види од прилично дарежливите заеднички простории и доделената површина за секој вработен.
Макетарница на сред канцеларија
Освен канцелариски простор оформена е и специјална работилница за изработка на макети, која вклучува два големи монтажни и производни простора за обработка на дрво, како и дигитално производство. Високите плафони и отворениот концепт на просторот нудат можност за работа на големи макети и прототипи мебел.
Галеријата на јужната страна, која го поврзува источниот и западниот дел на објектот, од едната страна содржи изложбени полици, а од другата страна библиотека.
Кафетеријата, потполно отворен концепт, се користи за неформални состаноци и организирање на разни случувања во тек на целата година.
Интересен елемент на просторот е и расветата која е проектирана во склад со намената и формата на просторот кој го осветлува, па така можат да се видат долги LED траки по должина на коридорот или LED обрачи околу кружните столбови.
Салите за состаноци се одвоени од останатиот простор со помош на транспарентни прегради, а боите на столиците одат од топли до ладни нијанси.
На исклучително пространата кровна тераса можат да се организираат разни собири на вработените, како и конференции.