Од глобалното популарно рециклирање биле заинтересирани и корејските дизајнери да ги здружат силите и да направат интересни столици, кои со своите едноставни форми се вклопуваат во секој простор.
Така, корејското студио Craft Combine уште од самиот почеток е заинтересирано за односот помеѓу дизајнот, занаетчиство и експерименталниот однос кон материјалите. Преку работата и со користење на различните методи и материјали, тие дошле до свој дизајнерски јазик.
Во видеото може да се види комплетниот процес на изработка, почнувајќи од обработка на дрвото па се до негово финиширање.
Стружењето, моделирањето, фината обработка и полирањето се доведени до совршенство, а за последното маскирање на палетите се користени геометриски форми на акрил во боја, коишто даваат една сосема нова димензија на столиците.
Комбинацијата на природните и вештачките материјали резултирала со впечатливи столици идеални за канцеларија или стан.