„Wanda Reign on the Bund“ е првиот шангајски хотел со 7 ѕвезди. Екстериерот е мешавина од стакло и челик, а ентериерот изобилува со луксуз.
При самото влегување во хотелот вниманието го привлекува подот изработен од камчиња жад, а големи мермерни столбови се издигаат до 10 метри високиот плафон.
Уметничките дела, нарачани специјално за хотелот, го претставуваат градскиот стил од дваесеттите и триесеттите години на минатиот век. Хотелот е отворен пред неколку месеци, по три години изградба.
Вреди 516 милиони долари и е 51-иот по ред хотел на ланецот „Wanda Reign“. Личен батлер постојано е на услуга, а барот во секоја соба содржи ексклузивни вина Chateau Lafite и цигари Луј XIV.
Авто сервисот нуди луксузни автомобили, со цена од 110 долари за изнајмување BMW 5, до 800 долари за еден час возење во ролс ројс. Дури и униформите на пероналот се уникатни и изработени од кинеска свила и други традиционални кинески материјали.