Насловна / Вести / Како изгледа најдолгиот железнички тунел во светот

Како изгледа најдолгиот железнички тунел во светот

Изведбата на работите на илјадници метри долгата брза пруга под швајцарските Алпи е сосема при крај. Во самото средиште на оваа делница се наоѓа и најдолгиот железнички тунел во светот –  Gotthard. Се што е поврзано со овој проект вреден 11,3 милијарди долари е во големи бројки. Започнувајќи од положбата на која се изведуваат работите, на длабочина од 2.500 метри под врвовите на Алпите, над 2.500 ангжирани работници задолжени за пробивање на трасата низ 30-те милиони тони гранит, па до планот за поставување на близу 400 километри пруга и уште неколку стотини километри електрични инсталации, сигнализација и комуникациски системи.

Во рамките на овој тунел, се наоѓаат две мултифункционални станици кои им овозможуваат на возовите да минуваат од еден тунел во друг, наменети за  потребите на одржувањето и за итни случаи. Една од нив требало да стане најдлабоката поздемна железничка станица во светот, под името „Порта алпина“, со лифтови кои се спуштаат до длабочина од близу 800 метри, поврзувајќи ги платформите на станицата со селата на површината, но планот е отфрлен како неекономичен во текот на 2012 година. Од друга страна, најдолгиот железнички тунел на светот  Gotthard, кој е отворен уште во 2016 година, е само дел од целата приказна. Првиот предлог за изградба на железничка линија низ Алпите, датира од 1947 година, а оваа пруга била и предмет на националниот референдум во текот на 1992 година на кој предлогот е поддржан, а веќе следната година започнале и првите подготвителни работи.

Во 2020 година, завршниот дел од оваа сложувалка, конечно ќе ги пречека првите возови. Станува збор за тунелот „Канери“ во близина на Лугано. Тој е долг 15 километри и ја сече планинската делница на најфрекфентната рута од север кон југ, која ги поврзува економски моќните земји на северна Европа со северна Италија. Времето на патување за интернационалните патници од Цирих и Милано, ќе биде скратено од 4 часа, колку што и требало на старата рута базниот тунелсамо два и пол часа возење, со движење на возовите низ тунелите од околу 200 km/h. Избегнувајќи ги познатите спирали на старите планински рути, базниот тунел Gotthard (GBT) го скратува патот за 40 km, a пократкото време на патување дополнето е и со зголемување на бројот на патници за дури 30%.

Додека планинската рута имала (и сеуште има) моќ да го привлече вниманието и на најуморниот патник, примарниот впечаток кој го остава GBT е изненадната промена на амбиенталниот звук и забележивото забрзување кога ќе се стигне до тој дел. За редовните патници, кои се преокупирани главно со читање, транзитот кон длабочината од 2.400 метри под планинскиот масив, одвај се забележува. Меѓутоа, главните корисници на тунелот не се патничките возови, туку товарните возови.

Заедно со помалите тунели, кои ги поврзуваат двата главни, вкупната мрежа на тунели на оваа делница е 150 километри. Работите на пробивање на тунелите оставиле зад себе количина на камен која е еквивалентна на наполнети вагони кои би ги поврзале Цирих и Чикаго, односно во должина од над 7.000 километри.

gotthard1

Gotthard2

gotthard4

gotthard5

Испрати коментар

Scroll To Top