Фотоволтаици се поставени во илјадници училишта ширум САД, а бројот на образовни институции кои го усвојуваат овој модел постојано расте. Од 2014 до 2019 година, тој раст бил над 80%, а вкупниот капацитет ан овие инсталации достигнал речиси 1.400 MW. Едно средно училиште во сојузната држава Арканзас, успеало за три години производство електрична енергија од фотоволтаици, да обезбеди суфицит од 1,8 милиони долари во буџетот на локалната училишна управа, која пред тоа имала дефицит од 250.000 долари.
Ваквиот финансиски пресврт ги поттикнал локалните власти да се обврзат на зголемување на платите на наставниците, во износ од две до три излјади долари годишно. Важно е да се спомене дека се поголем број на проекти за поставување ан фотоволтаици во училиштата се спроведуваат на иницијатива на учениците.