Насловна / Вести / Како Foster + Partners ја сместиле новата Apple продавница во римска палата

Како Foster + Partners ја сместиле новата Apple продавница во римска палата

Реномираното архитектонско биро Foster + Partners, кое стои зад уште еден проектот на продавница Apple, овој пат се одлучи да ја обнови историската палата Marignoli во Рим. Со нејзина адаптација, креиран е нов простор за технолошкиот гигант, а во исто време реновирани се занемарените историски карактеристики на зградата и отворен е централниот двор.

12_resize

Apple Via del Corso се наоѓа на местото на кое во 16. век се наоѓале црква и манастир, додека сегашната палата Marignol е изградена помеѓу 1873. и 1878. година и била дом на маркизот Phillipo Marignol. Во овој објект во тек на подоцнежен период се наоѓало и Caffe Aragno, познато градско место каде што се собирале уметници.

1_resize

„Идејата беше да се прослават различните архитектонски аспекти и богатата историја на палатата“, изјави Luis Matania за Dezeen, партнер во Fosters + Partners.

Во форма на латиничната буква L, објектот е организиран околу голем двор кој архитектите  го отвориле, за да може јавно да се користи како приемна зона посетителите.

3_resize

За уживање на целата заедница

Дрво на камфор поставено е карши дворот за да го симболизира некогашното постоење на манастирот од 16. век на оваа локација.

„Дворот повеќе не е приватен, туку станува јавен простор во кој заедницата е поканета да влезе и да ужива“, вели партнерот во Fosters + Partners, Stefan Behling.

Како во галеријата

Уметнички дела на италијанскиот уметник Afro Basaldella од некогашното кафуле, кои на апстрактен начин прикажуваат слики и сцени од Италија, сега се внимателно реставрирани и поставени на sидовите ширум објектот.

10_resize

Големи плафонски слики од Fabio Cipolla и Ettore Ballerine, исто така се реставрирани и поставени над мермерните површини на ентериерот помеѓу таваните.

„Тоа беше комплексна зграда, а по пат откривавме разни работи. Тоа беше развоен процес кој се менуваше и прилагодуваше како што пронаоѓавме нови работи, нови уметнички дела и нови архитектонски аспекти “, додава Matania.

6_resize

Ништо без локален мермер

При формирање на ентериерот користен е бел мермер, кој ги покрива подовите на секоја просторија, но и ги врамува големите застаклени ѕидни површини.

5_resize

Западно од дворот обновени се и големите скали, кои се конструктивно зајакнати и обложени со локален карара мермер.

На ниво на првиот кат, долг ходник го поврзува форумскиот простор со обновениот бар Genius и три зони за малопродажба.

8_resize

Форум за настани

Просторот во форма на форум ја завзема поранешната сала за танцување и како централна точка на првиот кат ќе се користи за организирање настани.

9_resize

Најголемата продавница на Apple во Европа

Применетиот дрвен мебел и столарија користени се за да се внесе потребната количина на топлина во просторот, а садници од дрва камфор, маслинки и јасмин поставени се ширум терасите, за да ги рефлектираат типичните римски кровни тераси исполнети со растенија.

Apple Via del Corso, сместена во рамките на освежената палата Marignoli, сега е најголемата продавница на Apple во Европа.

13_resize

7_resize

9_resize

11_resize

Испрати коментар

Scroll To Top