Насловна / Архитектура / Како еволуирала работната средина на архитектите низ историјата

Како еволуирала работната средина на архитектите низ историјата

Првата слика што ни доаѓа на ум кога помислуваме на канцеларија е место со работна маса и стол. Но, тоа не било секогаш случај низ историјата.

Во средниот век, на пример, манастирите биле главни места за стекнување и продлабочување на знаењето, каде што имало осамени простории во кои монасите можеле да се концентрираат при истражувањето.

Меѓутоа, историските записи кажуваат дека таквите простори биле непријатни бидејќи средновековните научници морале да го поминуваат поголемиот дел од своето време во стоечка положба.

7

Фабрички канцелариски услови

Иако за време на ренесансата, од 13 век наваму, интелектуалното „занаетчиство“ почнало да ја напушта религијата и да се шири во уметноста, науката и трговијата, „класичниот“ модел на канцеларија се развил дури по индустриската револуција, кога администрацијата е одвоена од производството. Со текот на времето, овој модел го превземале бројни професии, вклучувајќи ја и архитектурата.

Кон крајот на 19 век, иако физички одвоени од фабриките, канцелариите сè уште имале изразена индустриска организација, со големи централни хали и редови на бироа. Околу овие простори биле распоредени поприватни простории одделени со стаклени прегради, а вработените на повисоките позиции биле сместувани на мезанините.

5

 Архитектонско биро во 1940-тите

Овој формат, наречен Тејлоризам, бил фокусиран исклучиво на максимално ангажирање на вработените и просторно гледано, опкружувањата одразувале просторна сегрегација, нагласувајќи ги хиерархиските разлики и стандардизацијата на активностите, пишува Camilla Ghisleni.

Низ децении до нови насоки

Биле потребни неколку децении за навистина да се создаде амбиент во кој се води грижа за работната средина. Оттогаш, вентилацијата, без разлика дали преку климатизација или природна, како и соларното осветлување – станале стандард.

Покрај тоа, се појавиле и првите иницијативи за намалување на хиерархиските разлики во канцелариите, креирани се и големи отворени површини за работен простор, без поделби на просториите, што исто така помогнало да се намалат деловните трошоци.

0

Во текот на 50-тите години на минатиот век, се појавил т.н. Bürolandschaft концепт, каде канцеларискиот мебел бил современ, а заоблените паравани и големите растенија во саксии претставувале визуелни бариери во отворениот план.

Меѓутоа, и покрај поттикнувањето на соработката меѓу вработените, имало чести поплаки на сметка на акустична непријатност и недостаток на приватност.

Паравани за повеќе приватност

Така, во 1960-тите се појавиле кабини со прегради високи 1,8 метри, кои може да се видат во канцелариските простори прикажани во холивудските филмови, а кои ги креирал американскиот дизајнер Роберт Пропст. За прв пат, вработените на дното на пирамидата имале свој приватен простор.

И покрај добрите намери, концептот на Пропст не наишол на одобрување поради тесниот работен простор. Токму поради оваа причина, се чини дека архитектонските практики не го превземале овој модел и останале на концептот на слободни распореди со големи маси, главно поради големината на работниот материјал со кој се ракувало.

9

Појавата на компјутерот

Сепак, околу 30 години подоцна, се појави изум кој длабоко ги промени канцелариските структури. Со популаризацијата на компјутерите, работното место мораше да се реорганизира во склад со новата дистрибуција која вклучувала функции поврзани со дигиталната технологија и оние кои сè уште изискувале рачен напор.

Покрај тоа, со глобализацијата и последователната леснотија на патувањето, започнал ангажманот на професионалци од различни делови на светот, што условило и напор работниците уште повеќе да се привлечат и вреднуваат.

Зградата AT&T на Филип Џонсон од 1984 година може да се каже дека е обележје на овој нов работен аранжман. Овој објект нудел и теретана за своите вработени, простор за ресторан, како и медицинска нега, а се со цел да се привлечат вработените.

01

Неколку години подоцна, седиштата на големите компании, како Google и Amazon, почнаа да инвестираат милиони во мега структури фокусирани на квалитетот на животот на своите вработени. Архитектонските канцеларии исто така ја прифатија оваа идеја, нудејќи поатрактивни и интерактивни простори.

1

Во потрагата за поттикнување креативни процеси, боите, текстурите и смелите форми ја презедоа улогата во креирањето на просторот. Покрај тоа, елементите поврзани со природата, исто така, почнаа да бидат постојано присутни, носејќи биофилни концепти во канцелариите.

6

MVRDV

Покрај обезбедување еколошка и психолошка удобност на своите вработени на овој начин, компаниите ги направија своите канцеларии изложбени салони за нивниот бизнис и на тој начин изградија, и продолжуваат да градат, бренд.

8

BIG

Coworking и работа од дома

Во последните години, покрај големите и смели архитектонски и канцеларии од други креативни дисциплини, може да се забележи се поголем број на компании кои работат во coworking простори.

Во овој формат, соработката и вмрежувањето се нагласени на сметка на приватните и индивидуализираните средини.

10

Snøhetta 

Последната фаза, која сè уште е актуелна, може да се види преку концептот на работа од дома, кој се појави поради пандемијата Ковид-19. После толку време се врати сликата на канцеларијата како соба со биро и столче.

Веќе не е неопходно да има огромни разиграни простори со различни видови забава за вработените. Сега вработените во една компанија можат да бидат раштркани низ целиот свет, работејќи од своите домови.

Како што делува засега, работата на далечина дојде за тука да остане, бидејќи драстично ги намалува трошоците на компаниите.

4

Испрати коментар

Scroll To Top