Насловна / Архитектура / Како Еди Рама архитектонски ја промени Албанија

Како Еди Рама архитектонски ја промени Албанија

Еди Рама е живописен политичар. Често е склон кон неформални комбинации, дури и во облеката (на формалните состаноци се сеќаваме на неговите „патики со сако“), а таков е и во архитектурата и урбанизмот. Толку ја смени Албанија што сега зборуваме за „Албанија визуелно пред Еди Рама“ и потоа.

2_resize

Редизајнирано градчето Росковец

Не дека имал многу избор. Албанија не е позната по својата архитектура, освен по старите, зачувани градови на УНЕСКО, Берат и Ѓирокастро, и неколку мали стари венецијански и отомански чаршии расфрлани низ земјата, и повремени елементи на Арт Деко или социјалистички реализам, како мозаици на државните згради.

1_resize

Рама стана градоначалник на Тирана во 2000 година и веднаш почна со темелно редизајнирање: воведе изолација на старите социјалистички згради, а потоа ги обои во живи бои. За време на престојот во Италија најмногу му запнала за око портокаловата боја, па на фасадите на Тирана се среќаваат сите нијанси од жолта до теракота, но има и смели комбинации.

Во 2004 година, Рама ја доби инаугуративната награда Најдобар градоначалник на светот.

Комисијата за доделување на наградата ја образложи својата одлука, наведувајќи дека „Еди Рама е човекот кој го промени целиот град. Сега постои нова Тирана, шарена, среќна, со нова и подобрена инфраструктура и културен живот“.

Како градоначалник, тој нарача Мастер план за градот Тирана, вклучувајќи го и проектот за плоштадот Скендербег. Bjarke Ingels Group (BIG) изработија проект во форма на пеперутка за Народниот театар на Албанија кој ќе се гради во центарот на градот. Рама засади илјадници нови дрвја, правејќи ја Тирана многу поеколошки град. Тој исто така, ги прошири постоечките патишта и асфалтираше нови, подобрувајќи ја мобилноста. И така тоа траеше до 2011 година.

8_resize

Реномираниот BIG го проектираше театарот во Тирана

Подоцна, се впушти во „поголема политика“, па така неговите урбанистички и архитектонски планови станаа поголеми. Рама стана премиер во 2013 година, а со тоа доби можност уште повеќе да патува и да види како е решен проблемот со гентрификацијата, (поточно урбаната гентрификација), процес во кој старите евтини згради или цели делови од градот, најчесто работнички населби, се трансформираат во скапи згради за средната класа. Исто така имаше можност да види како се зазеленува и решава проблемот со енергетската и сообраќајната ефикасност во другите земји.

3_resize

Сите нијанси од жолта до теракота може да се најдат на фасадите низ Албанија

Особено беше импресиониран од Шпанија, со своите ревитализирани фасади, патишта, зеленило и кружни текови. Примерот на градот Росковец покажува како тој применил „шпански“ методи и колорити, повторно поставувајќи изолација на зградите, поплочувајќи улици, садејќи млади дрвца, а ги оставал долните делови на зградите во класичниот „балкански стил“ – фасадата на приземјето обично е обложена со камен, како на традиционалните куќи на Балканот.

5_resize

Фасадата на приземјето на станбените згради обично е обложена со камен

Па сепак, не можешел да издржи – ја покажал својата колоритна природа додавајќи разни бои и геометриски мотиви. И така низ цела Албанија.

4_resize

Урбанистичките и архитектонските планови на Рама спроведени во Росковец

Неговите последни достигнувања се целосната гентрификација на Валона и создавањето на „Рио де Жанеиро“ или „Бенидорм“ од Валона (Шпанија како инспирација), а не место покрај брегот.

6_resize

Населбата Рилиндја во градчето Фуше-Крује е изградена по земјотресот во 2019 година

Сега Валона има ривиера и плажа која привлекува стотици илјади западни туристи, како и нов проект на населбата Рилиндја во градчето Фуше-Крује, кое страдаше во земјотресот 2019 година.

Рилиндја или „Повторно раѓање“ е населба во која, според дискретните упатства на Рама, биле изградени многу бели куќи, соодветно уредени, проследени со четири (повторно разнобојни) комплекси на повеќекатни згради составени од три згради кои формираат прстен со отвори.

7_resize

Интересен детал е тоа што во делот на населбата кој се состои од семејни куќи, има премини меѓу дворовите (на задната страна на куќите), но тие се направени во цик-цак шема, против монотонијата. Тие се вселени за Новата 2022 година, а во нив дом нашле 282 семејства кои останале без покрив над главата во земјотресот.

Испрати коментар

Scroll To Top