Насловна / Арт и дизајн / Како Давид на Микеланџело е прогласен за порнографија во американско училиште

Како Давид на Микеланџело е прогласен за порнографија во американско училиште

Директорка на училиште во американската сојузна држава Флорида била принудена да поднесе оставка откако родител на ученик во шесто одделение се пожалил дека неговото дете е изложено на порнографска содржина.

Родителот поднел жалба бидејќи наставничката на часот по ренесансна уметност покажала слика од статуата на Давид од славниот италијански уметник Микеланџело, пренесува Би-Би-Си.

Статуа е едно од најголемите ремек-дела на западната цивилизација. Но, еден родител се жалел, тврдејќи дека тоа е порнографија, а уште двајца рекле дека требало однапред да бидат известени што ќе се работи на часот.

Статуата висока 5,17 метри го прикажува целосно гол Давид, библиски херој кој го убива џинот Голијат.

На поменатиот час, наставничката на 11 и 12-годишните деца им говорела и за сликата на Микеланџело „Создавањето на Адам“ и „Раѓањето на Венера“ на Ботичели.

d2

Хоуп Караскила, директорка на класичното училиште во Талахеси, рекла дека дала отказ откако добила ултиматум од училишниот одбор да го направи тоа сама или да биде отпуштена.

Локалните медиуми објавија дека Караскила не ја знае конкретната причина поради која било побарано да ја напушти функцијата, но претпоставувале дека тоа е поради поплаки од родителите за содржината на часот по ренесансна уметност.

Караскила била на директорската функција неполна година. Барни Бишоп Трети, претседател на училишниот одбор, изјави за локалната сајт Слејт, дека минатата година директорката однапред им испратил на родителите предупредување дека на часот ќе се зборува за Давид на Микеланџело.

Оваа година не го сторила тоа, што е „нечуена грешка“, а родителите „имаат право во секој момент да знаат кога нивните деца учат за контроверзни теми и слики“.

David by Michelangelo Florence Galleria dell'Accademia

„Нема да им ја покажеме целата статуа на Давид на децата од градинка. Нема да го покажуваме ниту на ученици од второ одделение. Прикажување на целата статуа на Давид е соодветно од одредена возраст. Мораме да утврдиме за која возраст станува збор“, рече Бишоп.

Рон Де Сантис, гувернерот на Флорида, во четвртокот го започна процесот на промена на законот како би им се забранило на државните училишта да предаваат сексуално образование и родов идентитет.

Наставниците кои ќе го прекршат законот се соочуваат со суспензија или губење на лиценците.

Микеланџело ја завршил статуата на Давид помеѓу 1501 и 1504 година. Веднаш е прогласена за ремек-дело, а ренесансниот уметник Џорџо Вазари велел дека Давид ги „надминал“ сите други статуи.

Испрати коментар

Scroll To Top