Новиот проект на Google, „Културното наследство во опасност“ (Heritage on the Edge) има за цел да покаже дека нашите цивилизациски придобивки се чувствителни на влијанието на глобалното затоплување и пратечките појави како што се порастот на нивоата на морињата, сушите, и дуги закани поврзани со климата. Учесниците во проектот избрале 5 локалитети од 5 различни краеви на светот кои на своја “кожа“ ги почувствувале овие закани. Меѓу избраните претставници ан светското културно наследство, во овој проект се опфатени:скулптурите од Велигденскиот остров (Чиле), замокот во Единбург (Шкотска), крајбрежниот град Килва Кисивани домаќин на најстарата џамија (Танзанија), античкото трговско место Багерхат (Бангладеш) и Чан Чан во Перу.