Насловна / Вести / Како да се проектира ентериер за лица со оштетен слух

Како да се проектира ентериер за лица со оштетен слух

Губењето на слухот не е секогаш вродено, но порано или подоцна тоа може да му се случи на секој од нас. Според Светската здравствена организација, речиси една третина од луѓето постари од 65 години страдаат од одреден процент на губење на слухот.

Сепак, од одредена перспектива, губењето на слухот може да се смета за „разлика“ наместо „инвалидност“. Иако просторните барања на лицата со оштетен слух не се толку забележливи како просторите за слепите лица или оние со намалена подвижност, намалувањето на капацитетот на слухот подразбира посебен начин на доживување на околината.

Затоа се поставува прашањето – дали е можно да се подобри ова искуство преку дизајн на ентериер?

1

ШЕСТ СОВЕТИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЦЕС

Како што пишува ArchDaily, доколку се потпреме на добро осмислен дизајн, преку архитектурата може на луѓето кои имаат потешкотии со слухот значително да им го подобриме функционирањето во просторот.

Следните шест совети можат успешно да не водат низ овој процес.

1. Размислете за тоа како да дизајнирате инклузивно

Очигледно, првото прашање што треба да се земе предвид се однесува на разликите што ги бараат посебните програми, така што, на пример, проектирање ентериер на куќата и ентериер на болницата не е исто без оглед на попреченоста на корисниците.

Односите, димензиите и движењата во секој простор се различни, како и интензитетот и целта на звуците. Сепак, постојат неколку општи размислувања што треба да се земат предвид за да се дизајнираат акустички удобни простори на најдобар можен начин.

2. Распоред во ентериерот и прегледност

4

Луѓето со оштетен слух користат различни методи на комуникација, вклучувајќи писмен јазик, помошни уреди, знаковен јазик или, во некои случаи, безгласен говор, додека истражувањата покажуваат дека само една третина од изговорените зборови може да се разберат со читање од усни.

Затоа, клучно е преку други методи да се создадат просторни услови за ефикасна комуникација, што значи дека соговорниците мора секогаш да можат удобно да се соочуваат едни со други во разговорот.

Треба да се земе предвид примена на широка или кружна, а не линеарна дистрибуција за простори со повеќе од четири лица, со цел да се олесни отворен канал за комуникација каде што сите учесници ќе можат да се видат едни со други.

Прегради и подвижен мебел можат да помогнат во организирањето на просториите, а кога станува збор за мобилност, важно е да се создадат рути кои ќе им овозможат на луѓето да се гледаат едни со други додека одат, како и безбедно да поминуваат низ просторот. Рампи, автоматски врати, графички безбедносни елементи и сигнализација се подеднакво корисни во овој случај.

3. Осветлување, светлина и рефлексии

2

Светлината игра основна улога во обезбедувањето не само удобност, туку во овој случај и комуникација. Боите што се во контраст со тонот на кожата им помагаат на другите луѓе подобро да ги перцепираат изразите на лицето и движењата на рацете.

Природното или вештачкото осветлување треба да биде доволно интензивно за да обезбеди јасна видливост, но и да избегне отсјајот. Прозорците мора да го регулираат внатрешното осветлување, како и стаклата и огледалата.

Некои експерти препорачуваат употреба на огледала со цел да се одржи поголема визуелна контрола на околината, но се додека тие се осмислено поставени и не придонесуваат за конфузија во разбирањето на просторот.

4. Мултисензорни простори

5

Велат дека кога човек ќе изгуби едно сетило, другите стануваат поизразени. Боите, сенките, па дури и вибрациите можат да им помогнат на луѓето со оштетен слух подобро да го разберат просторот и подобро да се снаоѓаат во него.

Мултисензорниот дизајн, кој е воспоставен во 50-тите години од минатиот век, предлага уживање во просторот кое се добива преку сетилата, се покажува дека насочување кон повеќесетилно искуство може да задоволи поширок круг на корисници.

Досега, тактиките на мултисензорен дизајн најчесто се истражувани на уметнички изложби и инсталации, иако постои потенцијал да допрат до поширока публика во областа на архитектурата.

5. Оптимизација на акустиката

6

Без оглед на степенот на оштетување на слухот, луѓето со ниско ниво на слух го перцепираат звукот на начини кои можат многу да го одвлечат вниманието, особено луѓето со слушни уреди.

Реверберација предизвикана од звучните бранови или рефлектирање на звукот од тврди површини може да биде непријатно искуство, па дури и болно. За да се подобрат овие услови во затворен простор, доволно е да се следат основните акустички принципи.

Подобрувањето на акустиката во затворен простор главно се состои од намалување на ехото преку препознавање на нивоата на апсорпција на околните материјали, правилна дистрибуција на бучавата или изворите на звук, како што се машините или звучниците, и земајќи го предвид градиентот на амбиенталната бучава во склад со употребата на секој простор.

6. Материјали, предмети и нови технологии

7

Важно е да се размислува за едноставни решенија, кои значително не ја зголемуваат основната цена на проектот. Овие едноставни решенија можат да се појават со разгледување на својствата на абсорбните и рефлектирачки материјали за да се намали интензитетот на звукот што патува од еден простор во друг.

Треба да размислите за избегнување на претерано светли површини или материјали на ниво на подот, како и мебел што обично предизвикува бучава при контакт или кога, да речеме, се поместува.

Исто така, треба да се размисли и за преносот на вибрации, па така, на пример, треба да се избегнуваат дрвени подови кои можат да одекнуваат кога по нив се оди.

Покрај материјалите, тука се и предметите и технологиите кои ги користиме во секојдневниот живот, а чие влијание треба да се земе предвид. Во градот често комуницираме преку бучава – има сирени, разни аларми и ѕвончиња, ѕвона на вратите – што го попречува сечиј акустичен комфор.

Од друга страна, визуелните знаци, како што се светлосни или дигитални предупредувања или пишана комуникација преку табли или знаци во боја, можат да послужат како едноставни решенија за секојдневна комуникација. Исто така, постојат и нови технологии кои можат да го претворат звукот во слики или да преведат различни предупредувања во бои.

3

ПРИЈАТЕЛСКО ОПКРУЖУВАЊЕ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ

Накратко, вистинскиот инклузивен дизајн не бара секогаш прекумерна свест за посебните барања, туку едноставно може да значи вклучување на потребите кои имаат тенденција да бидат основни за сите, без оглед на нивната физичка состојба.

Како што претпоставуваме дека универзалната достапност е секогаш суштински концепт при проектирање на просторот, исто така мора да претпоставиме и дека не се сите препреки еквивалентни и дека различните ограничувања се соочуваат со различни потреби.

Инклузијата подразбира надминување на специјализирани простори и критериуми – затоа што инклузијата не е вистинска ако зависи од градење специфични места, туку избегнување на таква сегрегација со цел да го направиме нашето секојдневно опкружување пријателско за сите луѓе, без оглед на нивните одредени ограничувања.

Испрати коментар

Scroll To Top