Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Како да се надминат бариерите за инвестирање во обновливи извори на енергија?

Како да се надминат бариерите за инвестирање во обновливи извори на енергија?

Energy-Agency-dukovski-2
Во Стопанската комора се одржа третиот форум на чинителите и засегнатите страни во областа на обновливите извори на енергија, со цел идентификување и надминување на бариерите со кои се соочуваат инвеститорите во обновливи извори на енергија. Инвеститорите во областа на обновливите извори на енергија најчесто се жалат на бавното издавање лиценци и долгата процедура за трансформација на земјиштето во која се вклучени општинските и државните институции, беше посочено на форумот.

„Неопходно е да се допрецизираат законите и подзаконските акти и да се овозможи здрава бизнис околина за да се зголеми бројот на инвестициите во обновливи извори на енергија. Инвеститорите знаат како да дојдат до технологија и финасирање, а сè што треба Македонија да направи е да им овозможи тоа да го остварат на нејзината територија“ – вели директорот на Агенцијата за енергетика Александар Дуковски.

Испрати коментар

Scroll To Top