Ако сте купиле за Нова година елка со бусен и сакате да и го продолжите животот, еве неколку совети како да го направите тоа.
Условите кога се сади елката се надворешната температура дека мора да биде над 4 Целзиусови степени, најдобро на крајот на февруари кога нема најавени мразови и заладувања.
Самото садење се одвива во четири чекори:
Чекор 1. Избор на место за садење
Идеално би било да се избере земјиште каде што нема премногу камења и кое не е премногу глинено.
Чекор 2. Копање на дупката
Ископајте дупка доволно длабока за да го собере целиот корен на елката и најмалку 10 сантиметри стебло над коренот.
Чекор 3. Земја
Покријте ги корените со земја од сите страни, а потоа нежно набијте ја почвата така што воздухот не може да стигне до коренот
Чекор 4. Наводнување
Наводнувајте ја елката секојдневно, освен ако температурата паѓа под 4 Целзиусови степени. Во овој случај, не ја полевајте елката.