Прекрасен букет во вазна се смета за украс на секој простор. Без разлика дали е тоа композиција со комбинирање на исти видови цвеќе и нијанси или со формирање на букет цвеќе со различни форми и бои, правиме достапно парче природа во најлуксузната форма.
Овој период уживаме во обилно цветање на хортензиите. Овој летен период го краси и раскошот на боите на бегониите, космосот и далиите, убави и како резано цвеќе. Додека гладиолите, особено во вазна може да траат и до 12 дена.
Гладиола (лат. Gladiolus) е род на повеќегодишни растенија со грутчеста луковица од фамилијата на перуники. Името потекнува од латинскиот збор gladius – „меч“, бидејќи листовите на гладиолата по својата форма наликуваат на меч.
Не е претерано захтевно растение, а може да се најде со цветови со интересна форма и убави бои – бела, жолта, портокалова, виолетова, сина, розова, а има и такви што се шарени со нијанси. Во зависност од сортата, гладиоли цветаат од мај до септември.
Колку долго ќе издржи исечениот цвет на гладиола во вода зависи од неколку фактори:
– За вазна се бираат гладиоли кои не се расцветани, туку целата гранка е во пупки и има само еден цвет. Тоа е знак дека се свежи.
– Доволно е една третина од вазната да се наполни со свежа вода.
– Стеблоата на гладиолата, како и кај розите, се сечат закосено и се скратуваат за најмалку два центиметри.
– Водата треба да се менува секој ден или барем на два дена и секој пат да се сече закосено, за свежиот дел од стеблото подобро да ја впива водата.
Важи и за секое резано цвеќе:
– Исушениот цвет се отстранува од стеблото, бидејќи блиску до врвот ќе процвета нов, а од врвот треба да се откинат последните две-три пупки, особено ако се тешки и поради нив растението се витка.
Општо правило е, колку подолго ги оставате цвеќињата да останат без вода, толку пократко ќе трае букетот. Вазната не треба да биде на сонце или до овошјето. Кога цвеќињата се до банани, јаболка или праски, може да се забрза прецветувањето. На ова влијае етиленот што го произведува ова овошје.
Некои цвеќари на букетот му додаваат и една лажица шеќер во вазната. Аспиринот, но и оцетот, содата и активен јаглен ја дезинфицираат водата и на тој начин можат да ја продолжат свежината на букетот.