Групата 20 (Г20) ја сочинуваат 19 земји и ЕУ, кои имаат најразвиени економии на светот. Државата која во склоп на оваа група е лидер во транзицијата кон чиста енергија е Бразил, со најнзок удел на фосилни горива во својот енергетски микс. Но, земјата во изминатите години се соочи со бројни предизвици кога станува збор за енергетскиот сектор. Во 2001 година, поради ниското ниво на врнежи и дополнителни ограничувања, Бразил се соочи со сериозна криза за елекрична енергија, па мораше да воведе мерки на штедење и други интервенции со цел да ја намали потрошувачката. Тоа било аларм за итна акција во наредните години. Значително е инвестирано во соларни и ветерни електрани, како и во биомаса и развој и модернизација на електроенергетската мрежа.
Што се однесува до биогоривата, Бразил е предводник на глобално ниво уште од почетокот на овој век. Програмата Pró Álcool, покрената по нафтената криза во 1973 година, поставила обврска за мешавина на етанол во горивата. Ова била важна стратегија со цел намалување на зависноста од увоз на нафта со користење на земјоделските ресурси на земјата.