Како најдобар светски производител на луксузни автомобили, креативноста е важна за успехот на BMW групацијата. Како фирма која постои цел век, има постигнато импресивна традиција на иновативност.
Сега, секако, бранот на промени поминува низ индустријата, потребата за брза иновација во BMW e поголема од кога и да е . На пример, како резултат на автономното возење, тие очекуваа нивниот бизнис да се промени во следната декада отколку во следните 30 години. Се поблиската реалност со автомобили без човек возач значи дека условите се менуваат со промените на навиките и очекувањата на купувачите, промена на глобалните пазари и нови конкуренти, компаниите кои се занимаваат со техника и технологија навлегуваат во оваа индустрија.
За да останат напред, BMW ја сфати важноста на забрзувањето на иновативниот процес во повеќе систематски приод, исто така брзо сфатија дека работното место исто така може да игра клучна улога.
Одделот за иновации на BMW, се наоѓа северно од седиштето во Минхен, тоа е нов центар каде иновациите и новите технологии се случуваат. Со помош на нивниот дизајн партнер за простор Die Planstelle, Steelcase и IDEO, темелно испланираа простор за тимови кои се испреплетуваат со нивната работа во истражувањето за автомобилите на иднината. Овде, основните видови на креативна работа – фокусирање, соработка, социјализација и одмор – се оптимално поддржани.
„Сакавме да креираме посебно место за иновации со корисници на центарот за поддршка на процесот. И токму тоа и го прави просторот”, вели Sebastian Schelper, кој бил главен на Одделот за иновации за BMW групацијата од 2013 до 2016.
Место за луѓе
Според Sebastian Schelper, главен на Одделот за иновации na BMW, за да се стави повторно во сила важноста на флуидното мислење, не постојат прави агли на ѕидовите во Одделот за иновации. Природни материјали како дрвени ѕидови кои се претопуваат со бетонски подови. Мебелот беше внимателно избран и допринесува со неговата боја и текстура. Најважно, Одделот за Иновации беше дизајниран за поддршка на креативниот процес на целокупната работа. „Тоa е место за луѓе”, вели Schelper со наједноставно објаснување зошто Одделот за иновации работи толку добро.
Срцето на установата се три големи тимски соби. Тие основните работни простории за тимовите кои работат на проект од неколку месеци до година.
Интегрираните големи табли даваат визуелност за слики, белешки, скици, мислења и идеи – богаство на информации и инспирација која се добива преку истражување. Таблите стануваат опиплив, извонреден контекст за работата на тимовите. Тие, исто така, служат како интерактивна платно каде што тимовите може да ги сублимираат информациите и да ги преточат во акција.
Во близина, малечката tinker lab им овозможува на тимовите брзо да направат прототип од своите концепти, како што и со собата за видео конференција која им овозможува лесна комуникација со луѓе надвор од установата.
„Сакавме да креираме посебно место за иновации со корисници на центарот за поддршка на процесот. И токму тоа и го прави просторот”
SEBASTIAN SCHELPER, главен на Одделот за иновации, BMW
Поддршка Јас и Ние
Надвор од тимските простории е големиот отворен простор каде што помали групи можат да се распрскаат и да се фокусираат на одредени проблеми. Како алтернатива, целиот тим може да го користи просторот како втора фокус соба ако нивната работа ја има надраснато нивната просторија, или ако сакаат да ја постават нивната работа во друг контекст за да добијат друга перспектива. Има многу простор за прототипи, дури и место и за цел автомобил.
Доста помал простор кој што е подеднакво важен за креативниот процес и е собата за медитација која нуди инспиративни погледи на дрва и полиња кои се во близина. „Кога се справувате со многу информации, лесно е да се чуствувате поразен”, објаснува Schelper. „Можете да одите во собата за медитација да земете пауза, да ги средите мислите или пак да се конектирате со вашата интуиција. Дури може и да задремете. Дел е од целиот екосистем на просторот кој ги поддржува потребите на луѓето”.
Близу влезот се наоѓа отворена кујна и зона за опуштање. Ова е место за неформално комуникација и социјализација, со партнерите од тимот или колегите од BMW Минхен, од други места кој го користат Одделот за иновации понекогаш како работно место. На овој начин, установата е „уникатен магнет”, вели Schelper, место каде ненајдените интеракции често резултираат со добивање на корисно знаење и перспектива.
Како што е важен секој простор поединечно за креативниот процес, исто се важни непосредните околности кои обезбедуваат холистичко решение. Кога просториите се предалеку една од друга, Schelper забележува, тогаш не се користат често. Како резултат, некои важни аспекти на креативната работа се недокажани. Хранејќи ја креативната работа значи поддршка на повеќе мислења и потреби, без приоритизација на една работа врз друга.
„Клучна работа која ја научив од овој проект е дека креативноста е вистинска комбинација на аналитичко размислување на проблем како и допуштање на инспирацијата и интуицијата да се развива”, Schelper заклучува. „Тоа е комбинација на двете помогната од овој простор и прави успех”.