Вештачката интелигенција (АИ) деновиве е центар на интерес како за оние кои пишуваат за неа, така и за оние кои создаваат со нејзина помош. Можностите што ги дава АИ ни овозможуваат да си играме со границите на реалноста, со што се тестираат не само алтернативните форми, туку и способноста да се препознае реалното од нереалното.
Сигурно во последните неколку месеци безброј пати сте налетале на фотографии кои се толку реални, а во исто време се и надреални – како Папата во бела пуфер јакна. Иако таквите манипулации можат да носат бројни ризици, па дури и – без претерување – застрашувачки последици, некои игри можат да бидат безопасни. Така, британската дигитална уметница Joo Ann ги претстави седумте светски чуда во малку поинакво издание, благодарение на (навидум) неограничените можности на софтверот за вештачка интелигенција.
Често доаѓа до забуна за тоа на кои градби се однесува терминот „светски чуда“? Уште повеќе, често наидуваме на волшебниот број седум, па повторно – среќаваме листи со многу повеќе зданија. Всушност, постојат неколку групи од по седум светски чуда.
Некои од нив се сметаат за величествени достигнувања на античкиот свет, од кои само Големата Кеопсова пирамида во Гиза преживеала до денес. Освен тоа, и понатаму се восхитуваме на чудата на модерното време. На тој список се наоѓаат познатиот споменик на Христос Спасителот во Бразил, како и Мачу Пикчу во Перу.
Потоа, чудото на Централна Америка се смета комплексот Chichén Itzá во Мексико, додека во Европа тоа е римскиот Колосеум. Во Азија, тоа е историското наоѓалиште во Ерусалим, Петра, како и Кинескиот ѕид и Таџ Махал во Индија.
Сепак, понекогаш е тешко да се постигне консензус. Така се среќаваме со листи кои вклучуваат многу други градби, често и понови. Кривата кула во Пиза се споменува често, како и праисториското место Стоунхенџ во Велика Британија.