Во време на дигитална ера, прекрасно е да се види како светски познатите архитекти, како што се Френк Лојд Рајт, Ричард Роџерс, Заха Хадид или Ренцо Пиано, работеле без употреба на компјутер и компјутерски програми.
Мора да се признае дека и денес првата фаза на проектирањето кога тоа го прават квалитетни архитекти, вклучува и изработка на скици по пат на рачно работени цртежи, кои помагаат во обликувањето и што појасно дефинирање на генералната идеја која понатаму се развива низ технички цртежи и 3Д модели.
Меѓутоа во време кога не постоеле компјутери и CAD програми, рачно работените цртежи биле од многу големо значење и еден од примарните начини на изразување на архитектите.
Насловна страна на книгата Drawing Architecture на авторката Helen Thomas
Во новата книга Drawing Architecture на авторката Helen Thomas, претставена е збирка од преку 250 трудови на некои од најпознатите архитекти, почнувајќи од Микеланѓело, па се до Заха Хадид.
„Разноврсноста на собраните примери во оваа книга, покажува дека дефиницијата на архитектонскиот цртеж опфаќа мноштво различни пристапи“, напоменува авторката на книгата.
Еве како работел маестрото:
Scala Firenca, 1560., Porta PIa, Michelangelo Buonarroti
Цртеж на Рајт:
Fallingwater. 1935., Frank Lloyd Wright
Цртежи на Заха Хадид од почетокот на кариерата:
Zaha Hadid, 1982., The Peak Leisure Club
Цртеж на Гери за музејот Гугенхајм:
Gehry Partners, LLP, цртежот е создаден со користење на компјутерски програм 1992., Guggenheim Museum Bilbao, Frank Gehry
Во книгата Drawing Architecture свое место има и еден од апстрактните цртежи на основа за приватна куќа на Mies van der Rohe:
DACS, 1923.godina, апстрактен цртеж на Ludwig Mies van der Rohe
John Maltby / RIBA Collections, 1970., лондонски Barbican Centre, Chamberlin
Помпиду во 2Д:
Rogers Stirk Harbour + Partners, 1971., Pompidou Centre, Renzo Piano и Richard Rogers
Museum of Modern Art, New York, 1920., цртеж на никогаш изградениот Споменик на Третата интернационала, Владимир Татлин
ADAGP, 1976. godina, Progetto di architettura monumentale, Ettore Sottsass
Концепт на Шард, Ренцо Пиано:
Renzo Piano, 2004., скица за лондонскиот Shard, Renzo Piano