Насловна / Вести / Како Англичаните планираат да произведуваат геотермална енергија во напуштените рудници за јаглен?

Како Англичаните планираат да произведуваат геотермална енергија во напуштените рудници за јаглен?

Во англискиот рудник во Саут Тајнесајд ќе се одвива вистинска енергетска транзиција – од фосилни горива кон обновливи извори на енергија. Некогашните наоѓалишта на јаглен сега се дел од проектот за производство на геотермална енергија со кој ќе се намалат годишните емисии на јаглерод диоксид за 319 тони. Вредноста на проектот е 8 милиони евра, од кои околу 4 милиони евра се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Саут Тајнесајд ќе биде еден од првите градови во Обединетото Кралство кој во системот за централно греење ќе „ја вклучи“ водата од јагленокопот и на тој начин ќе даде свој придонес во постигнувањето на јаглеродната неутралност во 2030 година. Овој рудник на јаглен е напуштен уште во 1932 година, но целосната трансформација на енергетскиот систем кон одржливоста е исклчително долг процес. Сепак, „енергетската моќ“ на јагленот се гаси. Зависноста на Англичаните од ова гориво во производството на електрична енергија паднала од 70% во 1990 година, на под 3% денес.

Речиси една четвртина од домовите во Велика Британија се наоѓаат на стари басени на јаглен, а стручњаците веруваат дека таквите области ќе можат да го решат греењето со корситење на геотермална енергија, а цената на овој енергент би била конкурентна со цената на гасот.

minewater1

 

minewater3

Испрати коментар

Scroll To Top