Насловна / Вести / Кајакари од Европа ќе веслаат низ најзагрозените балкански реки

Кајакари од Европа ќе веслаат низ најзагрозените балкански реки

Kajakari reki

Маврово ќе биде дел од кајакарската тура на словенечкиот олимписки спортист Рок Розман кога кајакари од Европа ќе пловат низ 16 од најубавите и најзагрозени балкански реки. Од Сава до Вјоса: 35 дена кајакарење за заштита на дивите реки на Балканот е насловена турата што ќе трае од 16 април до 20 мај, 2016 година, а во рамки на кампањата „Да го зачуваме Синото срце на Европа“.

DCIM100GOPROG1000624.

Турата ќе започне од реката Сава во Словенија на 16 април, а ќе заврши на Вјоса во Албанија на 20 мај под слоганот „Да ги зачуваме балканските реки“! На овој начин, кајакарите сакаат да се подигне свеста за убавината на реките и заканите со кои тие се соочуваат.

Kajakari reki2

„Постојат многу приказни за Балканот, но има една која навистина вреди да се раскажува. Приказната за реките на Балканот. Најскапоцените реки во Европа може да се пронајдат помеѓу Словенија и Албанија. Кристално јасни потоци, диви реки со пространи речни брегови со чакал, спектакуларни водопади и недопрени шуми – реки полни со див живот. Синото срце на Европа чука на Балканскиот Полуостров!“, се вели во најавата за овој настан.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top