Насловна / Вести / Кај Старата железничка станица ќе се гради подземна сообраќајница

Кај Старата железничка станица ќе се гради подземна сообраќајница

JUzen bulevar

Градежната компанија „Лимак“ најавува дека наскоро ќе почне изградбата на комплексот кај Старата железничка станица, вклучително и тунелот што треба да го олесни сообраќајот.

Како што соопштуваат од компанијата, проектот го помина периодот на планирање, така што ќе се гради современ, атрактивен, мултифункционален деловно – резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот – Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.

Тунелот ќе биде двонасочен коловоз во шест ленти со должина од 800 метри, ќе го  дислоцира булеварот „Македонија“ под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.

Станува збор, наведуваат од компанијата, за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот.

Површината на вкупниот проект ќе биде околу 300.000 квадратни метри. Комплексот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили.

Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, како што појаснуваат, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во рамки на комплексот.

 

Еден коментар

  1. Ненад Тониќ

    Со последната измена на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (134/16) се урушува еден од фундаментите на планското организирање и уредување на градските простори, преку уште една суштинска дерегулација на сегментот „паркирање“. Постојат индиции дека измената е изнудена токму од овој проект… Нецивилизациски и крајно жалосно!

Испрати коментар

Scroll To Top