Кај Италија се наоѓа досега првата и единствената ветерна елекетрана на Средоземното море, но во план се низа нови проекти за производство на енергија од ветер и Сонце во италијанското крајбрежје. Toto Holding пред две години ја пушти во работа својата постројка Beleolico од 30 MW, која се состои од десет ветерни турбини со столбови во морското дно. Компанијата SolarDuck,специјализирана за развој на проекти на пловечки соларни електрани на море, заедно со италијанската компанија New Developments, и фирмата Green Arrow Capital, имаат намера во близина на споменатата постројка да искомбинираат две технологии за производство на електрична енергија. Станува збор за пловечка хибридна електрана, со огромен капацитет. Постројката Corigliano би се состоела од соларна електрана со 120MW инсталиран капацитет, и ветерен парк со 28 турбини чии податоци за моќноста не се откриваат. Компаниите проценуваат дека ваквата хибридна електрана ќе биде пуштена во работа во 2028 година.
Во склоп на Националниот план за опоравување и отпорност, италијанските власти ја поедноставуваат постапката за издавање на дозволи за електрани на обновливи извори на море.