Во кафулето Café De Smoutpot во едно помало место во Белгија, смислиле добар начин за обезбедување пропишана дистанца помеѓу гостите. Со цел да им порачаат на гостите кога е дозволено а кога не е дозволено да се влезе внатре, поставен е семафор пред кафулето. Ако светлото на семафорот е црвено, на гостите им се порачува дека внатре нема доволно место за да се обезбеди дистанцирање. За влез потребно е да се почека на зеленото светло.