Сместен во еден од најатрактивните паркови во Будимпешта, кафе барот Városliget изразува реминисценција на секојдневниот, „класичен“ унгарски животен стил.
Со цел да се отелотвори пријатна, домашна атмосфера привлечна за секого, при конципирање на ентериерното уредување, студиото Adamdesign применило стари елементи преземени од различни кујни и трпезарии, како и колекција на предмети поврзани со спорт и литература, креативно позиционирани оплеменувајќи ја атмосферата.