Општина Центар, по барање на граѓаните, континуирано ја проверува бучавата од кафе-баровите и кафеаните, кои се наоѓаат на нејзина територија.
Инспекциските служби извршија редовен надзор и констатираа дека максимално дозволеното ниво на бучава од 45 децибели, по 23 часот, за двојно го надмина кафе-барот „Чао“.
Надлежните од општина Центар издадоа платен налог за глоба од 500 евра за правното лице и 150 евра за одговорното лице. Доколку кафе-барот „Чао“ не ја плати казната, ќе се поднесе кривична пријава.
Општина Центар ќе продолжи да се грижи за мирот на жителите на општината и ги затоа ги повикува граѓаните да пријават бучава.