Градот, кој себеси сака да се нарекува престолнина на забавата, Лас Вегас е место каде што веројатно најлесно може да се потрошат парите. Тешко е за секој посетител да се спротивстави на сите оние светлечки реклами кои се покана за долгите ноќи, а тие реклами се менуваат како што се менуваат имињата на големиот број хотели и казина.
Затоа, прашањето на место на чување на неонски реклами на коишто им е поминат рокот на траење се поставува само од себе. Местото каде што завршуваат е Музејот на неонски реклами кој со својата целосна работа функционира од 2013 година. И тоа е музеј кој може да се посети во текот на денот и во текот на ноќта, на пустинскиот воздух на Невада. Отворен тип е и содржи околу 150 различни некогашни неонски реклами коишто во меѓувреме станале легендарни.
Тука се чува и рекламата од дамнешните 30-ти години на минатиот век којашто стоела над ресторанот за работниците, кои ја граделе Хуверовата брана на реката Колорадо.