Фонтаната на срамот се наоѓа во италијанскиот град Палермо и датира од средината на 15 век.
Оригиналната фонтана било првично наменета за палатата Сан Клементе во Фиренца, но презадолжениот сопственик ја продал на Палермо. Во 1573 година Сенатот на Палермо ја купил фонтаната за да го украси главниот градски плоштад – Пјаца Преториа.
Фонтаната првично имала 48 различни статуи (голи луѓе, нимфи и сирени) и поради својата монументалност не можела да се смести на постоечкиот плоштад, па некои згради морале да бидат урнати, а бројот на фигури се намалил на 16.
Џорџо Вазари, италијанскиот сликар, архитект и писател, за фонтаната рекол дека е „најглупава, не само во Палермо, туку и во цела Италија“.
Со текот на времето, фонтаната станала симбол на корупција во градот Палермо, а самиот плоштад Преториа го доби прекарот Плоштад на срамот (Piazza della Vergogna).