Што е подобро од опуштање во удобна лежалка? Веројатно уживање во една која е полна со топла вода, меурчиња и миризлива пена. Тоа е размислувањето кое стои позади дизајнот на оваа нова када.
Инспирирана од удобноста која ја пружаат кадите и лежалките, Hammock Bath е дело на британскиот бренд Splinter Works. Станува збор за када креирана во форма на лежалка, а дизајнирана е да биде фиксирана на два спротивни ѕида во купатило, всушност не го допира подот. Нејзината должина може да биде прилагодена во зависност од димензиите на просторијата во која ќе се смести.
Формата на кадата имитира традиционални лежалки, направена е од слоеви карбон. Нејзиниот пад е проектиран на начин да пружи максимален конфор, избегнувајќи го рамното дно и грубите преоди на грбот. Пенастото јадро е изолатор на водата и ја одржува оптималната температура.
Бидејќи кадата не лежи на под, Hammock Bath има транспарентен одвод. Стоечка славина ја полни кадата, а водата се испушта преку одводна цевка која се наоѓа веднаш под нејзе.
Цената на кадата зависи од димензиите и завршните детали, а достапни се изданија во боја на бронза, сребро и бои на виножито. За оваа када отприлика треба да се спремат околу 34.000 долари.