Познатото дизајнерско студио SpliterWorks пред неколку години се појави со интересен проект на преубав дизајн на висечка када, кој предизвика силно внимание кај љубителите на необични и врвни дизајнерски решенија.
Следејќи го својот неверојатен успех, истото дизајнерско студио проектира најнова самостојна верзија на када со впечатлив дизајн кој капењето го претвора во врвно задоволство, а исто така реализира и мијалник од истиот дизајн, направен од карбонски влакна.
Новата када потсетува на оние висечки лежалки кои се врзуваат меѓу две дрва на некој излет, а како навистина невероватна и самостојна када, таа е дизајнирана за да обезбеди врвно искуство на одмор, без разлика каде нејзините сопственици би одлучиле да ја постават.
Целосно е направена од карбонски влакна, што значи дека е издржлива, мазна и супер лесна во исто време.
Кадата тежи само 13,5 килограми, што значи дека може лесно да се поместува низ целиот ентериер, а подовите не треба да биде засилени за да ја издржат тежината.
Дел од тоа е фасцинантна колекција е и мијалникот, кој е всушност некој вид на минијатурна верзија на када. Тој, исто така, е направен од популарниот лесен материјал, кој со бојата и ексклузивноста дава луксуз на секој простор.