Компанијата Architects победи на конкурсот за најдобро решение за станици – кабини долж најдолгата железничка пруга на светот. Предлогот се состои од низа дрвени кабини кои изгледаат како слоновски сурли.
Фирмата со седиште во Лондон го освои првото место со концепт кој има за цел комбинирање на традиционалните техники за обработка на дрвото со облик кој наликува на движење на воз.
Конструкциите ќе бидат малку подигнати со цел подобра изолација од тлото, а токму необичните форми овозможуваат користење на пасивни методи на вентилација, греење и климатизација.
Планирано е пет кабини да бидат изградени во почетокот на 2018-та, а останатите подоцна. Се работи за еден од помалите проекти на најдолгата железничка линија во светот која ги поврзува Москва и Далечниот Исток, но и еден од помалите проекти за Сибир кој опфаќа 77% од територијата на Русија.