Брендот за дизајн на мебел Boss Design објави затворена кабина за седење за едно лице што ја олеснува работата и релаксацијата во раздвижените и бучни епростори со отворен план, дело на дизајнерот Aaron Clarkson.
Кабината Frida се состои од минималистичко седиште кое изгледа како да лебди, кое од три страни е опкружено со наслон кој има ефект на намалување на звукот и создава чувство на приватност.
Кабината за седење се одликува со издолжени рабови што се протегаат преку предниот дел на перницата, како и слој од обликувана со ПE пена внатре, што ја прави кабината да изгледа елегантно и да биде доволно удобна за долг период на употреба.
Boss Design предвидува кабината да се користи за работа и опуштање во различно опкружување, од канцеларии до аеродроми. Празниот простор под седиштето може да се користи за складирање на багаж, додека малата ѕидна маса има светилка која дава топол, пријатен сјај.
Кабината може да се користи или самостојно или да се комбинира за да се создадат низови за седење распоредени во различни конфигурации.
Може да се избере широк спектар на ткаенини за тапацир и преслекување, како и опција за додавање интегрирана бантерија за напојување.