Компанијата Mousarris е основана во 2015 година од Stelios Mousarris со цел да произведе висококвалитетни парчиња концептуален мебел и уникатни предмети надвор од границите на имагинацијата.
Од модерна технологија, до рачно изработени техники, секое парче е уникатно по својот дизајн.
Секој материјал за секое парче е внимателно одбран, како би се обезбедил најдобар квалитет и завршна обработка.
Колекција од дела на Mousarris може да се најде постојано прикажана во дизајнерското крило на 21 век во музејот Лувр и се најде во над 40 угледни списанија за дизајн и три публикации.
Компанијата Mousarris со седиште на Кипар, нуди достава ширум светот. Па така можете да си ја нарачате оваа кабина. Заронета во измислен свет на превртен град, Wave Cabin е создадена да го прифати животот во бран, овозможувајќи престој во него.
Оваа едноставна, но преубава и целосно функционална кабина со димензии 8/6 метри и висина 2.5 метри, може да прими две особи, со сите содржини кои ќе ви бидат потребни за викенд-бегство во природа.
Сите материјали се внимателно избрани со цел да ги издржат најврнежливите или најжешките денови во годината, давајќи ви целосен преглед на природата околу вас.
Wave Cabin е животен проект на Mousarris кој е дизајниран да внесе чувство на мир и смиреност во вашиот живот.
Има ли подобар начин да уживате во дизајнот на бран од тој да живеете во него.