Kомфор XXL

xxl.jpgАмериканскиот скулптор идизајнер Robert Therrien е авторна колекцијата „Larger than Life“,инспирирана од детските бајки. Се работиза забавна, уникатна и вредна колекција,која не може да се опише како практична,но дефинитивно може да ве натера да сезамислите за поинаквото доживувањена мебелот во секојдневниот контекст.Robert Therrien е роден 1947 година воЧикаго, а живее и работи во Лос Анџелес.

Неговите скулптури, уметнички дела и инсталации во последните две децении се изложувани во најпрестижните светски музеи и галерии. Така, со самостојни изложби досега се претставил во „Tate Modern“ во Лондон, „Gagosian Gallery“ во Њујорк, „LА County Museum of Art“ во Лос Анџелес, „Museum Nacional Centro de Arte Reina Sofia“ во Мадрид, „Museum of Contemporary Art“ во Сан Диего, во „Museum of Contemporary Art“ во Лос Анџелес, „Albright-Knox Art Gallery“ во Бафало, Њујорк Buffalo, „Kunstmuseum“ во Базел… Исто така, неговите дела се појавуваат во бројни јавни колекции ширум светот, вклучувајќи ги, покрај гореспоменатите институции, и „The Broad Art Foundation“, во Санта Моника, Калифорнија, „The Getty Center&ddquo; во Лос Анџелес, „Musйe National d’Art Moderne“ и „Centre Georges Pompidou“ во Париз, „The Museum of Modern Art", во Њујорк и „Whitney Museum of American Art“, исто така во Њујорк. 

xxl-2.jpg

Почнувајќи од 1993 година, тој создава серија на гигантски мебел, огромни парчиња мебел, домаќински уреди, маси и столици, чинии, садови и друг кујнски прибор во многу форми и стилови. Овие џиновски предмети типични за домовите и за семејствата, изгледаат сосема автентично и секојдневно во својот оригинал, во својата реална практичност, но тие се толку големи и високи што гледачот покрај нив не се чувствува вознемирен туку напротив, според реакциите, добива чувство на ентузијазам. Стоејќи покрај овие предимензионирани објекти, посетителот го менува и го продлабочува својот однос кон поимот за големина, оригиналност, материјал, димензии, дизајн… и сето тоа буди чувства да се најде во приказната „Алиса во земјата на чудата“. Со овие дела, овој американски автор и натаму предизвикува голем интерес во медиумите и восхит кај случајните минувачи. Иако неговите дела произлегуваат од секојдневните материјали, сепак неговите идеи повеќе и припаѓаат на уметноста и не можат да најдат своја примена во ентериерите. Нивното место е во урбаните јавни простори и во комфорните екстериерни пространства каде што можат да ве орасположат и да ви го разубават секојдневието. Тие немаат претерана употребна вредност, но изгледаат чудесно, ја будат фантазијата, и не враќаат во детството кога секој од нас посакувал да биде џуџе.

 

 

xxl-3.jpg

Александра Петровска,

дипл.инж.арх.

 

Испрати коментар

Scroll To Top