Куќата К на Sou Fujimoto се наоѓа во густо урбано ткаење во североисточна Осака, Јапонија. Пристапот до непропорционалната L форма на парцелата претсавува една висока задебелена земјена рамнина. Притисната помеѓу соседите на три страни и ограничена со шума од дрвја, правоаголниот волумен буквално излегува од теренот со нежно конкавно движење се додека не ја достигне најисточната точка. Настрешницата станува најисткнат елемент во екстериерот, така што на семејството му го обезбедува потребниот надворешен простор во форма на кровна тераса.